Ленин- Ме прелажа. Успешно ме изманипулира, се извинувам што ја подржав.

Директорот на „Слобода превоз“ изрази жалење дека за време на кампањата застанал зад Данела Арсовска за градоначалник, а притоа ги убедуваше скопјани дека таа е „жена-титан“ и дека ќе ги реши сите проблеми во Градот, но откако седнала во функцијата тотално се променила.

– Точно мене ми е жал што пред јавноста и ја дадов мојата максимална поддршка и што бев измамен од некој човек, којшто многу перфидно да излаже, да заведе и да ти даде лажна надеж. Не сум само јас излажаниот, тоа што ми го говореше на мене побарав да им го каже и на превозниците, а заедничката трибина таа им ветуваше подобри услови за работа, па поради тоа ја поддржаа. Јас лично сум признавам, дека сум изманипулиран и тоа ако можам да кажам на еден начин којшто само им поминува на психопатите, кои многу успешно знаат да ви се наметнат и излаат додека им требате. Кога јас застанав зад приватните превозници, следниот ден јас бев веќе непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови и без аргументи ме нападна мене – одговори Јовановски на новинарско прашање.

Тој посочи дека веројатно се менува перцепцијата на човекот кога ќе ја почувствува моќта што ја дава функцијата, притоа додаде дека нема инструмент Арсовска да се отповика, а доколку има тоа лично би го сторил.

Back to top button
Close