Ленин се повлекува од предводник на протестите, да немало политичка димензија

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, чии превозници трет ден го блокираат Скопје, вели дека никој нема да се пријави на јавниот оглас на Град Скопје за линиите 20 и 22. Тој ќе побарал и да биде повлечен од директорката позиција во „Слобода превоз“ за целата ситуација да не добива политичка димензија.

Никој, претпоставувам, од превозниците нема да се јави, ниту од постојните, ниту некој нов. По логиката на нештата, кој би сакал да влезе, да врши работа, да биде во јавниот превоз и после неколку месеци да ви кажат: „Тужете нѐ за долгот, ќе ви ја одземеме работата“.  Јас ќе понудам пред превозниците да се повлечам и како Ленин Јовановски и како „Слобода превоз“ од понатамошните процеси, ако веќе тоа беше некаква пречка“, вели тој.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close