Лепче и паричка

Кога како држава ќе дозволиш снабдувањето со топлина на главниот град да ти зависи од фирма чии сопственици никој не ги знае, ништо чудно тие да ѝ се смеат во фаца на Владата кога ѝ соопштуваат дека како „општествено одговорна компанија“ за еден ден ќе престанат да испорачуваат топлина, ако не добијат пари од Буџетот.
????????????????????????????????????
Фирмата што сега ја уценува државата со распад на целиот енергетски систем, оти од неа зависат 54.000 домаќинства, 95 образовни установи и 1.027 други објекти во Скопје, во 2012, за време владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, е регистрирана под името „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) со основна дејност „советување во врска со работењето и останато управување“. Ако утре сите овие што се греат на парно во Скопје се префрлат на греење со струја, ќе падне енергетскиот систем во цела држава. А ВМРО-ДПМНЕ ликува со своето чедо. Тие си го произведоа БЕГ, а сега викаат „Уаа СДСМ, видете БЕГ што ви прават“. Можам да замислам колку би биле среќни, ако за време на гласањето за новата Влада на Димитар Ковачевски пратениците седат во капути во незагреаното Собрание. Е тоа се тие опашки што се влечат од времето на матните зделки на Никола Груевски, кои Владата на СДСМ не успеа да ги сосече. Речиси три години, Обвинителството води предистражна постапка против членови на тогашната Регулаторна комисија кои ги давале лиценците на компаниите на БЕГ. До истрага нема ни да стаса. И кога зборуваме за демонтирање на инсталациите на режимот, тоа не е обична политичка фраза. Еве, во реалноста излезе дека и БЕГ е дел од тој систем што требаше да се демонтира. ВМРО-ДПМНЕ произведе ужасно владеење, а СДСМ не успеа да го смени. Лепче за сите да има. Да се заработи некоја паричка. Е па, ете ни сега и лепче и паричка. Земја-членка на НАТО се доведе во ситуација не само политичката, туку енергетската, а со тоа и економската стабилност да ѝ зависи од фирма во чиј надзорен одбор седат руски бизнисмени.
колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close