Лет од Москва до Виена за следната недела чини речиси 4 000 евра

Летовите во еден правец од Русија до аеродромите во европските градови, со трансфер во Истанбул, брзо се распродадени, а цените на оние билети што ги има за наредната недела достигнуваат и до речиси 4 000 евра.

На веб-страниците на авиокомпаниите кои сообраќаат од Москва до Истанбул или Белград може да се види дека речиси сите летови оваа недела се распродадени.

На страницата на компанијата „Туркиш ерлајнс“ може да се види дека билет од Москва до Виена, преку истанбулскиот аеродром за 29 овој месец чини 221 191 рубљи или 3 779 евра.

Побарувачката за авиобилети порасна вчера кога рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на воените резервисти за војната во Украина

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close