Летонците почнуваат да ги отстрануваат спомениците на советските војници

Градскиот совет на Рига гласаше за започнување на подготовките потребни за отстранување на споменикот на советските војници во Паркот на победата во градот, објави летонската радио и телевизија, повикувајќи се на градоначалникот на Рига, Мартинс Стакис.

Тој рече дека одлуката е донесена на денешната специјална седница. Подготовките се доверени на Агенцијата за споменици и на некои други комисии, пренесува ТАСС.

Претседателот на градскиот совет, Стакис, претходно изјави дека летонскиот парламент мора да усвои закон кој ќе овозможи демонтирање на споменикот. На Министерството за правда му беше наложено да обезбеди правна оправданост за отстранување на споменикот на советските војници.

Летонскиот парламент на 12 мај ја усвои конечната верзија на законот за суспендирање на договорот со Русија за споменици, кој дозволува уривање на спомениците на советските војници во Риг

Back to top button
Close