Летонија ја зајакна безбедноста на границите, не дозволува влез за Руси


Новоизбраниот претседател на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека неговата земја ја зајакнала безбедноста на своите граници, соочени со тековниот бунт во Русија, и дека повеќе нема да им дозволува на Русите да влезат на нејзина територија.

„Летонија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија. Безбедноста на границата е зајакната“, објави тој на Твитер и додаде дека издавањето визи и влезот на Русите кои ја напуштаат Русија поради акуелните настани, се суспендирани

Back to top button
Close