Лидери на Хамас кои биле ликвидирани во различни операции

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија е уште еден ликвидиран кадар на палестинската организација. Изминатите години и други припадници на Хамас биле ликвидирани во различни операции.

На 5 јануари 1996 година во Појасот Газа убиен е Јахја Ајаш познат како Инженерот. Тој беше сметан за мозокот зад бранот палестински самоубиствени бомбашки напади. Тој беше убиен откако му експлодира мобилниот телефон раце. Палестинците го обвинија Израел, но Тел Авив негираше вмешаност. По ликвидацијата на Ајаш, Хамас возврати со четири самоубиствени напади, при што загинаа 59 лица во три израелски града во рок од девет дена.

Во 1997 година во Јордан, Халед Мешал преживеа атентат. На Мешал пред неговата канцеларија во Аман му беше вбризган отров. Тогашниот јордански крал Хусеин што се закани дека ќе го раскине мировниот договор помеѓу Јордан и Израел додека израелските власти не обезбедат противотров. Израел обезбеди противотров и се согласи да го ослободи затворениот лидер на Хамас, шеикот Ахмед Јасин, само за да го убие седум години подоцна во Газа.

На 22 март 2004 година при израелски ракетен напад од хеликоптер елиминиран е шеик Ахмед Јасин додека излегуваше од џамија во градот Газа. Израел, исто така, се обиде да го убие една година претходно додека тој беше во куќата на член на Хамас во Газа. Смртта на Јасин доведе до протести и осуда од Палестинците и муслиманскиот свет и претставуваше значајна ескалација на израелско-палестинскиот конфликт.

На 17 април 2004 година при напад со израелски хеликоптер врз автомобил во градот Газа убиен е лидерот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантизи и двајца негови телохранители. По овој напад раководството на Хамас се крие, а наследникот на Рантизи беше чуван во тајност. Рантизи беше убиен набргу откако стана шеф на Хамас по атентатот на шеикот Ахмед Јасин.

На 21 октомври 2024 година во градот Газа елиминиран е Аднан ал Гул познат како мајстор за бомби. Тој беше втор човек на военото крило на Хамас и познат како „Таткото на ракетата Касам“ често истрелувана врз израелските градови.

На 1 јануари 2009 година во бегалскиот камп Џабалија убиен е свештеникот Низар Рајан. Тој важи за еден од најтврдокорните политички лидери на Хамас. Рајан повикуваше на обновување на самоубиствените бомбашки напади во Израел. Покрај него во бомбашкиот напад загинаа и две од неговите четири сопруги и седум од неговите деца

На 2 јануари 2009 година при израелски воздушен напад врз Појасот Газа убиен е министерот за внатрешни работи на Хамас, Сајед Сејам, кој беше одговорен за силите за безбедност и за полицијата на Хамас, која броеше 13.000 припадници.

На 2 јануари 2024 година при напад со дрон во главниот град на Либан, Бејрут убиен е заменик-шефот на политичкото биро на Хамас, Салех ал Арури. Според израелските медиуми Арури бил еден од организаторите на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Back to top button
Close