Лидерот на албанските демократи, Баша, известувач за конфискуван руски имот и обнова на Украина

Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска едногласно го наименува лидерот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша за известувач за конфискација на руски имот и негова употреба за санирање на штетите предизвикани од руската агресија врз Украина.

-Претходно, Баша, поднесе нацрт-резолуција до Советот на Европа со која се повикува на конфискација на рускиот имот, создавање меѓународен фонд за депонирање на конфискуваните средства и ставање на располагање на овие средства за финансирање на проектите за обнова на Украина, јави агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор по сличен предлог се расправа и во американскиот Конгрес, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара Русија и нејзините олигарси да ја надоместат штетата на Украина и да ги покријат трошоците за обнова на земјата.

Back to top button
Close