Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија
Литванските власти официјално го забранија летот на српскиот авион до Москва со кој требаше да патува српскиот претседател Александар Вучиќ, објави порталот „Новости.рс“. Истата вест се појави и на други портали.

„Новости“ објави дека литванските власти ја оправдале забраната за летот на авионот во кој би бил Вучиќ со „техничка и дипломатска чувствителност“.
Вучиќ најави дека ќе учествува на воената парада во Москва, со која се одбележува 80-годишнината од победата на Русија во Втората светска војна. Според извештаите, планирана е средба меѓу Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин.
Нема информации за забраната за прелетување на литванските портали