Лиз Трас се откажа од присуство на состанокот на Г20

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас нема да присуствува на претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, закажан за денеска и утре, и се враќа во земјата, јави Би-Би-Си.

Таа планира да се врати во Лондон поради оставката на премиерот и лидер на ториевците Борис Џонсон.  Откако Џонсон ја објави својата одлука да поднесе оставка како премиер и лидер на Конзервативната партија, Трас рече дека „донел правилна одлука”.

„Сега ни треба смиреност и единство, за владата да продолжи да работи додека се избира нов лидер”, напиша таа на Твитер.

Лиз Трас се смета за еден од кандидатите за лидер на ториевците.

Back to top button
Close