ЛОИ2028: Продадени четири милиони влезници


Организаторите на Летни Олимписките игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година објавија денеска дека продале повеќе од четири милиони билети во првата фаза од продажбата овој месец, што е знак за силна побарувачка за влезници на повеќе од две години пред почетокот на Игрите.
Втората фаза од продажбата на билетите се очекува да започне во август 2026 година и ќе понуди нов пакет за сите олимписки спортови и низа ценовни категории.
„Одговорот на нашите почетни продажби беше ништо помалку од историски“, изјави извршниот директор на ЛОИ 2028, Рејнолд Хувер.
Според организаторите, 95 проценти од билетите со цена под 100 долари биле продадени за време на претпродажбата за жителите на областите Лос Анџелес и Оклахома Сити, а околу 500.000 билети со цена од 28 долари биле купени од локални клиенти.
Според организаторите, билети се продадени во 85 земји и во сите 50 американски држави и територии, а Обединетото Кралство, Канада, Мексико и Јапонија се меѓу најголемите меѓународни пазари за продажба на билети.
Организацискиот комитет објави дека билетите за женските олимписки настани се продале побрзо од машките, додека уметничката гимнастика е најбрзо продаваниот спорт.
Лос Анџелес ќе стане третиот град што ќе биде домаќин на Летните олимписки игри трет пат во историјата, откако беше домаќин на Игрите во 1932 и 1984 година, а воедно прв пат ќе биде домаќин на Параолимписките игри

Back to top button
Close