Лондонската полиција со предупредување до демонстрантите

Британската полиција денеска побара од антирасистичките демонстранти да се придржуваат до одредена рута на движење во Лондон, со цел да го избегнат контрапротестот на припадниците на екстремната десница.

Полицијата наведе дека постои голема опасност од насилство и од пренесување на Ковид-19.

Протест против расизмот беше најавен за денеска попладне, а подоцна беше откажан, но полицијата и покрај откажувањето очекува на улиците на Лондон да излезат неколку илјади луѓе.

Во меѓувреме, градоначалникот на Лондон, Садик Кан апелираше до жителите на Лондон да не излгуваат од домовите.

Полицијата наведе и дека се заштитени спомениците на историските личности, што беа мета на напади од страна на демонстрантите.

Споменикот на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, што се наоѓа во близина на  Парламентот во Лондон, заштитен е со шперплоча, а заштитени се и други споменици. На споменикот на Черчил пред неколку дена беше напишано „Беше расист“.

Back to top button
Close