Лука Модриќ станува малцински сопственик на фудбалски тим од Островот

Лука Модриќ, асот на Реал Мадрид веќе почна да се подготвува за крајот на фудбалската кариера.
Според информациите од Велика Британија, хрватскиот репрезентативец станал малцински сопственик на Свонси, клуб од истоимениот град во Велс.
Популарните „лебеди“ моментално се членови на Чемпионшип, вториот натпреварувачки ранг во Англија. Моментално се на 12-то место на табелата. Според Фабрицио Романо, тоа во никој случај нема да влијае на кариерата на Модриќ во Реал Мадрид, каде што сака да продолжи да игра.
Модриќ оваа година ќе наполни 40 години, но и понатаму е стандарден член на кралскиот клуб.

Back to top button
Close