Лукашенко на Путин му подари трактор за неговиот 70-ти роденден

epa09816806 Russian President Vladimir Putin (R) and Belarusian President Alexander Lukashenko (L) talk during their meeting in the Kremlin in Moscow, Russia, 11 March 2022. EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / KREMLIN POOL / SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на својот руски колега Владимир Путин му подари трактор за неговиот 70-ти роденден.

Лукашенко му го предаде сертификатот за тракторот на Путин во Санкт Петербург на состанокот на лидерите на неколку поранешни советски републики.

Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време.

Лукашенко изјави дека и тој во својата градина користел сличен модел на трактор како тој што му го дал на Путин.

Во говорот на почетокот на состанокот, Путин не го спомна подарокот.

Тој зборуваше за потребата да се разговара за начините за решавање на конфликтите меѓу поранешните советски републики и ја истакна потребата од размена на информации во борбата против тероризмот, трговијата со дрога и други форми на криминал. п

Back to top button
Close