Лукашенко се заканува со употреба на нуклеарно оружје

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде нападната од НАТО, пренесува руската државна агенција ТАСС.

– Напад врз Белорусија е вовед во Трета светска војна, изјави Лукашенко, додавајќи дека границите на државата се црвена линија и секое прекршување ќе има моментален одговор.

Според Лукашенко, рускиот претседател Владимир Путин го потврдил неговото тврдење со последните измени на руската нуклеарна доктрина.

Back to top button
Close