Лутник се извини за изјавата: „Погрешив, мислев на Венецуела“


Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, се извини за својата изјава дека во војната со Иран не загинал ниту еден американски војник, откако беше потврдено дека во конфликтот досега загинале 18 припадници на американската војска.

Лутник на социјалната мрежа „Икс“ објасни дека при давањето на изјавата мислел на американската воена операција во Венецуела, во која, според него, нема загинато американски војник.


Погрешив. Загинаа 18 припадници на нашата војска и срцето ми е со нивните семејства. Многу ми е жал за нивната загуба. Мислев на воената операција во Венецуела, во која нема загинато ниту еден припадник на американската војска“, напиша Лутник.

Тој претходно во интервју за CNBC, зборувајќи за ситуацијата со Иран, изјави дека „немало американски жртви“. Според „Ројтерс“, Венецуела воопшто не била спомената во интервјуто.

Непосредно пред извинувањето на Лутник, американскиот претседател Доналд Трамп застана во негова одбрана, објаснувајќи дека министерот мислел на Венецуела.

САД досега потврдиле дека во конфликтот со Иран загинале 18 припадници на американската војска, додека повеќе од 750 се повредени

Back to top button
Close