Мајката на убиецот Коста К. вратена од српско-македонската граница бидејќи е под истрага

Мајката на убиецот Коста К. вратена од српско-македонската граница бидејќи е под истрага

Мајката на Коста. К. (13) кој е одговорен за масакрот во ОУ „Владислав Рубникар“ вчера се обидела да ја помине границата преку преминот Прохор Пчињски, но, како што пренесе српски Курир, веднаш била запрена и вратена назад, откако била интервјуирана.

– Мајката на момчето и нејзината ќерка се вратени од граничниот премин бидејќи истрагата против мајката е во тек, а целиот имот им е привремено блокиран. Исто така, со неа е извршен разговор по застанувањето на граница – изјавија за Курир од МВР.

Иако мајката го известила Центарот за социјална работа, полицијата не била информирана за нејзиното заминување од државата и затоа била вратена од граничниот премин.

Министерството за внатрешни работи ќе побара и да и се изрече забрана за напуштање на територијата на Србија или градот Белград.

На мајката не и е изречена забрана за напуштање на земјата на живеење, но таа е под истрага и мора постојано да им стои на располагање на истражните органи.

Семејството на момчето убиец го тужеа и родителите чии девет деца беа убиени во масакрот.

Таткото на момчето од немилиот настан е во притвор поради сомнение дека сторил кривично дело против општата безбедност бидејќи, го обучувал својот малолетен син да пука на стрелиштето и не го обезбедил соодветно сефот во кој го чувал пиштолите, за кои поседува дозвола.

Back to top button
Close