Магарешка работа на тројанските коњи

Баш убаво што колешката Катерина Блажевска од редакцијата на Дојче Веле ни пренесе делови од текстот на копретседавачот на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања (и некогашниот бугарски амбасадор во Скопје) Ангел Димитров кој деновиве во некое периодично европско забравам-му-името списание пишува дека, влезе ли во ЕУ, Македонија (заедно со Србија) ќе биде рускиот „тројански коњ“ во Унијата.

Пфффкхахахааахаа! … Ах, бре, Ваша Екселенцијо амбасадорска, да пукнете, до солзи ме изнасмеавте! Неговата теза е дека Македонците, бидејќи сме производ на Коминтерната на Сталин и Тито, со самото наше постоење при влез во ЕУ би ги внеле диктаторскиот „дискурс“ на двајцава, што ќе го загрози демократскиот систем на европски вредности чиешто зачувување го штити Бугарија со ветото за нашата натамошна интеграција. Пфффкхахахааахаа!

Навистина, сме се изнаслушале секакви квази-интелектуални бравури од разни анти-македонски активисти кај сите наши соседи по повод нашето национално непостоење, но на Ангел Димитров би требало да му се додели некаква „Златна бубамара“ за особени подли заслуги во таа жална балканска дисциплина, дури и во острата конкуренција со бившите шампиони на таа кауза, Каракачанов и госпожа Захариева.

А, знам една држава која во ЕУ, откако е примена во членството и таму и во НАТО, а особено во деновиве на украинската војна, се третира не како „тројански коњ“, туку како „тројанско крдо на слонови“ кога е руското влијание во прашање! Во споредба со неа, ние не би можеле да бидеме ни „тројанско магаре“ на таквото влијание, иако овдека „магариња“ по тоа прашање навистина има прилично доволно. Во оваа држава тие „магариња“ ја изложуваат на невидена харанга на омраза овдешната министерка за одбрана поради нејзиното доследно спроведување на сојузничките политики на НАТО кон Русија; а во таа една друга држава тукушто мораа политички да го „ликвидираат“ својот министер за одбрана бидејќи доследно се залага за руските стратегиски ставови против НАТО, откако претходно ги исчистија сите сениор-советници на министерката за надворешни работи заради документирана соработка со советските разузнавачки служби, а поапсија и нешто генерали за шпионажа по истата „тројанска“ руска линија.

Колимната на Сашо Орданоски во џелост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close