Македонија ја надмина бројката од 1000 починати од Ковид-19

Со денешниот дневен извештај на Министерството за здравство Македонија во статистиката додаде уште 10 починати од Ковид-19 со што вкупната бројка на починати е 1004 лица.
Вчера нашата држава за првпат ја надмина бројката од 1000 новозаразени со 1085 случаи.
Бројот на заболени бележи раст на целиот eвропски континент. Според податоците Ворлдметерс објавени вчера во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот изнесува 9 851 825. Како и во цела Европа и на Балканот се разгорува епидемијата на коронавирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди.
Денешниот извештај на следниот линк






