Македонско бугарските односи немаат перспектива без интеракција на цивилизациските вредности

Наспроти сите можни флоскули со кои не бомбардираат политичарите за тоа колку сме посветени едни на други , ноторен факт е дека бугарско македонските односи се лоши до степен во кој апсолутно се дисквалификува од можноста да го добијат атрибутот добрососедски во контекст на европскиот дух на разбирањето на тој поим. И тука нема нема ништо чудно ако се земе во предвид фактот дека тонот на актуелната комуникација меѓу двете општества го неметнуваат воглавно ликови како Каракачанов или Миленко и бот армијата на еден жител на Будимпешта. И да нема недоразбирања споменатите погоре едноставно си најдоа празно игралиште за нивната -игра- што пак е јасна индиција за отсуство на било каква креативност и инвентивноност на институциите од двете страни на границата кога станува збор за тоа политичките фрази да се конвертираат во една нова реалност која навистина ќе значи квалитет на меѓусебна комуникација кој има капацитет да го неутрализира актуелниот негативен набој и да создаде простор во кој барем меѓусебно за почеток ќе се слушнеме што мислиме. Во Бугарија како и кај нас сепак имаме групи или поединци кои се навистина заинтересирани за соработка но во овој амбиент кога будалите кршат чаши и маси по кафаната едноставно не сакаат да се доведат во било каква корелација со нешто што е под секаква цивилизациска доблест и елементарно домашно воспитување.

Помислете на пример што и колку знаеме за случувањата на културната сцена во Бугарија или пак колку тие знаат за нашите ѕвездени мигови во различните области на културата и уметноста. Гледав прекрасен бугарски филм на една мошне актуелна универзална тема за жал на странски канал бидејќи на нашите сигурно нема празен термин-сите се пополнети со, не само лошите, туку по мое длабоко убедување и штетни турски серии. Моите пријатели во Софија со кои се обидувам да одржам контакт и во ова време-невреме го имаат истиот впечаток во обратна насока. Не слушнале за нашиот Ѓорчев и неговиот -Исцелител – или за Борјан Зафировски и неговиот -Ефект на среќата – Ова се само примери кои од прва ми паѓаат на ум без амбиција да го правам недогледно долгиот список на меѓусебното непознавање.

Целата колумна на Борјан Јовановски на НОВА.

Back to top button
Close