Макрон ја повика Русија да го прифати американско-украинскиот предлог за прекин на огнот
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија да престане со изјави што, според него, само добива на време и да го прифати американско-украинскиот предлог за прекин на огнот во траење од 30 дена, како и да запре со воените дејствија во Украина.
– Утре ќе продолжиме да работиме на зајакнување на поддршката за Украина и за цврст и траен мир, изјави Макрон, потсетувајќи на видеоконференциската средба организирана од британскиот премиер Кир Стармер со земјите подготвени да ја поддржат Украина по евентуално примирје.
На состанокот, што ќе се одржи утре, ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого Макрон денеска телефонски разговарал. Францускиот претседател остварил разговор и со британскиот премиер.
Зеленски го оцени разговорот со Макрон како продуктивен и содржаен, нагласувајќи дека двајцата лидери ги разгледале техничките аспекти на надзорот врз спроведувањето на предложениот прекин на огнот во Украина.