Макрон сака целосно запирање на извозот на јаглен и нафта од Русија во ЕУ по воените злосторства во Буча

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека неговата желба е да има целосно блокирање на рускиот извоз на јаглен и нафта во Европската унија оваа недела, по откривањето на, како што рече, „воените злосторства“ во украинскиот град Буча.

Говорејќи за француската телевизија Франс Интер, Макрон рече дека има „многу јасни знаци“ дека се извршени воени злосторства во Буча и „прилично е утврдено дека руската армија е таа која е одговорна за нив.

„Не можеме да дозволиме да се извлечат. Мора да имаме санкции како одговор на она што се случи во Буча и она што се случува во Мариупол“, рече тој.

Макрон рече дека оваа недела ќе разговара со своите европски партнери за дополнителни санкции.

„Оние кои стојат зад овие злосторства мора да одговараат за нив“, рече тој. „Мораме многу јасно да испратиме сигнал дека тоа е нашето колективно достоинство и нашите вредности што ги браниме. Нема мир без правда“, додаде Макрон.

Франција е подготвена да и помогне на Украина во истрагата за настаните во Буча, рече Макрон, но сепак тој одби да каже дали рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со судење за она што се случи таму.

 

 

Back to top button
Close