Малдиви, поради војната во Газа, им забранија влез во земјата на сите со израелски пасош
Парламентот на Малдиви усвои амандман на законот за имиграција, со кој се забранува влез во земјата на секој со израелски пасош поради војната во Газа.
Амандманот претходно беше одобрен од претседателот Мохамед Муизу, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Одлуката беше донесена пред околу една година, но беше официјализирана дури оваа недела.
„Ратификацијата ја одразува цврстата позиција на владата како одговор на континуираните злосторства и тековниот геноцид извршен од Израел врз палестинскиот народ“, се вели во соопштението.
Малдиви, мала земја јужно од Индија и добро позната и многу популарна туристичка дестинација, има мнозинско сунитско муслиманско население.
Таму проповедањето и практикувањето на другите вери е законски забрането.
Според последните податоци, во февруари на Малдиви влегле 59 лица со израелски пасоши