Малкумина од Бугарите во Македонија излегоа на гласање, можеше да се гласа и без документи


На денешните предвремени парламентарни избори во Бугарија, вкупно се пријавени 169 гласачи во Македонија во неколку градови во државава. Имено, според списоците објавени од бугарската Централна изборна комисија најмногу пријавени за гласање во Македонија има во Кавадарци 42, потоа Прилеп 41, Тетово 40, во Струмица 22, 15 во Скопје и 9 во Битола

Бидејќи сите запишани македонски Бугари не излегоа на гласање Централната изборна комисија на Бугарија за првпат дозволи бугарски граѓани да гласаат дури и ако немаат никакви документи во моментот, туку само со пополнета изјава, која откако ќе се провери во бугарскиот конзулат ќе добијат уверение за да гласаат.

– Во избирачкиот одбор седеше и поранешниот началник на битолската полиција, Димитар Црномаров, но на списокот во Битола за гласање, го нема раководството на клубот Ванчо Михајлов кој неодамна е избришан од Централниот регистар. Од избирачкиот одбор велат дека гласањето се одвива без проблеми, објави Телма.

Според телевизијата гласањето во Прилеп течело нормално, имало пријавени и непријавени гласачи, додека во Охрид иако никој не се пријавил за гласање, сепак отворено е избирачко место во седиштето на културниот центар во згаснување „Цар Борис Трети“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close