Малолетник усмрти полицаец, а тешко рани уште еден во полициска станица во Босанска крупа

Во полициската станица во Босанска крупа, во севорозападна Босна и Херцеговина вчеравечер малолетник со нож усмрти еден полицаец, а тешко рани друг, информира босански Н1.

 

Малолетникот веднаш бил уапсен.

Во Босанска крупа се зголемени мерките за безбедност, а во текот на ноќта постојано имаше силно полициско обезбедување.

Повредениот полицаец е опериран во болницата во Бихаќ и е неговата состојба е стабилна.

Според портпаролот на Министерот за внатрешни работи на унско-сантскиот кантон, Аднан Бегановиќ уапсено е 15-годишно момче, што синоќа изврши напад на двајца полицајци, од кои едниот им подлегна на повредите.

„Она што сите не изненади е што малолетник се дрзна да влезе во полициска станица и нападна полициски службеници. Ова е аларм, а ние како општество треба да се запрашаме што ни се случуварече тој.

Според министерот за внатрешни работи за посочениот кантон Аднан Хабиби, се работи на случајот, а се надева дека истрагата ќе понуди и дополнителни детали.

Како што пренесуваат босанаските медиуми, малолетникот го нападна полицаецот Огњен Маран, што од здобиените повреди почина, а неговиот колега Авдо Хасанович е тешко ранет и е хоспитализиран, но во стабилна состојба.

Back to top button
Close