Маријана Илиевска избрана за нов член на Советот на јавни обвинители

Маријана Илиевска е избрана за членка на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

Како што информираат за МИА од Советот, обвинителката која доаѓа од Основното јавно обвинителство Прилеп добила 19 гласови од исто толку гласачи.

Таа била единствена пријавена кандидатка која воедно и ги исполнувала условите за избор.

Back to top button
Close