Марта Кос во Нови Сад им оддаде почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на железничката станица

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денеска ја посети железничката станица во Нови Сад и положи цвеќе на местото каде што се урна бетонска настрешница на 1 ноември минатата година, при што загинаа 16 лица.

Таа на својот X профил изјави дека дошла во Нови Сад за да им оддаде почит на 16-те жртви на „трагедијата што можеше да се спречена“.

„Моето срце е со жртвите и нивните семејства“, напиша таа.

Кос денес ја завршува својата дводневна посета на Србија. Денеска таа ќе има средби со претставниците на опозициските парламентарни групи, а потоа и со претставниците на партиите што ја сочинуваат владејачката коалиција.

Таа вчера се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

Back to top button
Close