Маск најави фонд за поддршка на Трамп. По 45 милиони долари месечно ќе вложува само тој

Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави дека планира да издвојува речиси 45 милиони американски долари секој месец за нов фонд за поддршка на Доналд Трамп за американски претседател, објави Волстрит џурнал.

Донациите на Маск ќе бидат наменети за политичка група наречена America PAC, што ќе се фокусира на промовирање на регистрација на гласачите, предвремено гласање и гласање по пошта меѓу жителите во сојузните држави пред изборите во ноември, објави весникот цитирајќи луѓе запознаени со тоа прашање.

 

Маск е еден од неколкуте главни поддржувачи на новиот фонд. Меѓу останатите се ко-основачот на Palantir, Џо Лонсдејл, поранешната амбасадорка на САД во Канада, Кели Крафт и инвеститорите во криптовалути Тајлер и Камерон Винклвос.

Back to top button
Close