Масовно труење со храна во хотел во Будва, отруени 96 туристи

 

Масовното труење со храна, како што наведува Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ) се случило во познат хотел во Будва кој претходно бил пломбиран поради неисполнување на здравствени и санитарни услови
Вкупно 96 странски туристи претрпеле масовно труење со храна во познат хотел во Будва кој претходно бил пломбиран поради неисполнување на здравствени и санитарни услови, пишува Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ).

Медиумот наведува дека се работи за туристи од Полска, Италија и Хрватска. Дел од нив додека патувале низ Црна Гора се пријавиле кај лекарите од здравствените установи во градот каде што се нашле, во Цетиње, Бар и Котор.

„Синоќа околу 22:00 часот во просториите на Општата болница Котор биле донесени триесетина пациенти со акутен дијареален синдром и повраќање. Пациентите се соодветно згрижени, поставена е комплетна дијагноза и сите се отпуштени во генерално добра состојба“,

изјави директорот на болницата во Котор, д-р Давор Комбуровиќ.
За настанот засега нема официјална потврда од Управата за инспекциски работи и Институтот за јавно здравје.

РТЦГ наведува дека Радио Црна Гора од сигурни извори дознава дека амбасадите се ангажирале да се грижат за своите сонародници и дека е вклучено ресорното министерство за што поскоро да се реши овој проблем.

Back to top button
Close