Маж од Косово со секира убил жена во Берлин

Во стан во Берлин маж со секира и нанел фатални повреди на жена. Германската полиција потоа го убила.

Приштинските медиуми јавуваат дека напаѓачот е по потекло од Косово, а жената што ја убил е од Украина.

Маж уби жена со секира во главниот град на Германија пред да биде убиен од полицијата, соопштија официјални лица.

Според полицијата, злосторството се случило во неделата наутро на деветти кат од станбена зграда, јавува РТС.

– Во неделата околу 7 часот и 40 минути во берлинскиот кварт Лихтенберг се случи убиство – изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека првите сомнежи се дека дошло до сериозен инцидент по расправија меѓу пар кој живеел на деветтиот кат.

-Кога итната помош пристигнала на местото, мажот ја удирал жената со секира, па полицајците употребиле огнено оружје и го убиле мажот. Жената им подлегна на повредите кои мажот и ги нанесе со секира на лице место – изјави портпаролот на полицијата Мартин Дамс.

Според полицијата, сторителот е 23-годишен маж.

Истрагата е во тек,пренесе Аваз.ба.

Back to top button
Close