Маж пронајден крвав во домот, неговото – чудно објаснување отвора многу прашања
На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел.
Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот






