Маж загина во пожар во Велес
Маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на улица Љубен Весов во Велес.
И покрај интервенцијата на противпожарната единица која по дојавата за пожарот во куќата излегла веднаш на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.
Како што информираат од ТППЕ Велес, по пристигнување на лице лице место, пожарот бил затекнат во развиена фаза во една просторија каде што било пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа.
„Во 19:40 часот бил повикана лекарска екипа од Брза помош,која констатирала смрт“, информираат за МИА од Брзата помош при Здравствен дом Велес