Меџити: Јас не поднесувам оставка, Собранието ќе одлучи кој ќе биде министер
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, кадар на раскараната Алијанса за Албанците не планира да си поднесе оставка самиот.

–Јас не поднесувам оставкa, оставка се поднесува кога не се работи чесно, јас сум министер за здравство додека нема промена, вели Меџити.
Прстот го вперува кон ДУИ и вицепремиерот Артан Груби.
–Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници, рече Меџити.
Сепак, министерот од Алијанса не би знаел кој би го наследил на функцијата.
–Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер, рече Меџити.






