Меџити: Бидете спокојни, нема да се укине Законот за јазиците
Заменик-претседателот на Владата Изет Меџити на својот Фејсбук профил повикува да се сочува ладнокрвноста и мирот поврзано со последните случувања поврзани со Законот за јазиците.
„Во врска со Албанскиот јазик, ние сме на иста страна со сите Албанци. Никој не треба да има ниту најмала дилема во врска со ова. Стекнатите права не смее да се укинуваат или скратуваат. За ова гаранција сме ние, претставниците на граѓаните во институциите. Како Влада работиме на изнаоѓање на долгорочни решенија за создадените и наследените проблеми и затоа ги усогласуваме дејствувањата, ставовите и определбите со сите релевантни општествени актери и фактори. Владата е во постојана координација и дејствување. Заедно со Собранието и останатите општествени дејци со внимание го следиме секој јавен настап, секое дејство, секоја акција и реакција. Како одговорни институции нема да дозволиме да се укине Законот за Албанскиот јазик ниту пак да се наруши духот на соживотот гарантиран со Охридскиот договор. Изразуваме поддршка за сите јавни иницијативи, било поединечни или колективни, чија што главна цел е да се заштити но и унапреди службената употреба на Албанскиот јазик. Дневните партиски препукувања се помалку битни од Албанскиот јазик.Уште еднаш повикувам заеднички да го одржиме мирот и ладнокрвноста“, вели Меџити