Меџити: По изборите ќе разговараме за можните коалиции, сега сме фокусирани на нашата програма
По официјалната порака до опозициските партии на Албанците од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за коалицирање, денеска се изјасни Изет Меџити од коалицијата „Вреди“. Меџити вели дека сега се фокусирани на претседателската кампања за која вели дека немаат соработка со ниту една друга партија, додека пак за парламентарните избори рече дека ќе бидат фокусирани во албанскиот политички камп. Меџити вели дека по изборите, за кои тврди дека ќе бидат апсолутни победници во албанскиот политичкиот табор, ќе седнат да разговараат со македонските партии.
„Ние сме фокусирани во албанскиот политичкиот камп, на нашата програма, на нашите решенија, на нашите идеи. Да им презентираме на граѓаните дека власта ги заборавила сите програмски точки, дека има само два отсто реализација од програмата за 2020 година. Кога ќе завршат изборите, убедени сме дека ќе бидеме апсолутен победник во албанскиот политички табор и како победник тогаш ќе седнеме со македонските партии прво да разговараме за програмата на идната влада, што ќе биде приоритет на владата, и ако има заеднички јазик тогаш ќе има транспарентен процес за формирање на новата влада. За точките по кои се разликуваме, за нашите приоритети како што се евроинтеграциите и промената на Уставот, во таа фаза ќе има разговори со македонските партии, засега сме во албанскиот табор со албанскиот електорат“,рече Меџити.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред два дена упати порака за коалиција со опозициските партии на Албанците, но досега не добил одговор