Меџити за „Слободен печат“: Нема да гласам за новата влада  

Пратеникот од ДУИ Изет Меџити за „Слободен печат“ потврдил дека нема да гласа за новата влада на Димитар Ковачевски.  Тој не сакаше дополнително да образложи зошто не е присутен на собраниската седница за избор на владата, ниту зошто не ѝ дава поддршка.

Меџити вели дека досега доста зборувал и дека на јавноста и се познати неговите ставови. Претходно Меџити се спротивстави на изборот на експремиерот Зоран Заев и неговиот лидер Али Ахмети во владата на Заев дека за министри се предложени Артан Груби и Бујар Османи, но тогаш по разговор со лидерот на ДУИ ја гласаше владата на Заев.

Во Владата на Ковачевски повторно Груби и Османи се предложени за позициите прв вицепремиер и министер за политички систем и министер за надворешни работи, односно кај ДУИ нема промена на ниту еден министер. Главните аргументи на Меџити беа и се дека ни Груби, ни Османи немаат поддршка од базата за да бидат дел од извршната власт.

Aко само Меџити се воздржи од гласање, за владата на Ковачевски ќе гласаат 63 пратеници, односно таа ќе ја добие поддршката од мнозинството.

Back to top button
Close