Мелони: Русија ја навреди цела Италија со критиките кон Матарела
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја обвини Русија за „навреда кон целата италијанска нација“, откако Москва упати критики кон изјавата на претседателот Серџо Матарела, јави АНСА.
За време на говорот во Марсеј минатата недела, каде што му беше доделена титулата „доктор хонорис кауза“, Матарела ги осуди „војните на агресија“ што довеле до Втората светска војна.
– Тоа беше проектот на Третиот Рајх во Европа. Денешната руска агресија врз Украина е од истото естество, рече Матарела.
На ова денеска реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која ги нарече зборовите на Матарела „богохулни измислици“.
Како одговор, Мелони изјави дека ваквата реторика на Москва претставува навреда за целата Италија. – Изразувам целосна солидарност со претседателот Матарела, кој отсекогаш недвосмислено ја осудувал агресијата врз Украина, рече Мелони.
Под нејзино раководство, Италија останува цврст поддржувач на Украина, досега испраќајќи 10 пратки воена помош.