Мемети не знае зошто обвинителството бара да не ја напушта државата, Георгиев со жалба за притворот

Поранешниот Омбудсман, а сегашен потпретседател и член на Советот на јавни обинители не знае зошто обвинителството побарало да се преземат мерки за негово обезбедување.

Утре во Кривичен ќе бара одговор зошто не смее да ја напушта државата.

Иџет Мемети, тврди дека е наместен во случајот со земање мито, а за кој приведен е Врховниот судија Наќе Георгиев.

Според сомнежите двајцата се инволвирани во случај за земање поткуп за влијание на судска постапка против екс градоначалникот на Ново село, Боро „Малборо“, овојпат обвинет за шверц со цигари и дрога.

Заради непречено водење на истрагата, обвинителството бара мерки на претпазливост за Мемети.

Предлага одземање на патната исправа и повремено јавување кај надлежен државен орган.

Меѓувреме, Врховниот судија Георгиев кој од вчера е во затворот во Шутка, бара укинување на притворот. Според неговиот бранител, мерката притвор е неоснована и тој не може да го повтори делото бидејќи Судски совет на вонредна седница му ги одзеде ингеренциите.

Претседателката на Врховен, Беса Адеми денеска ги информирала колегите за истрагата и оддалечувањето од судиската функција на Георгиев и ги потсетила на основните заложби на судот за независно судство, ослободено од било какви влијанија.

Back to top button
Close