Меркел од Тирана: Албанија и Северна Македонија ги исполнија условите за почеток на преговори со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината последна посета на Западен Балкан, од Тирана денеска оцени дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле условите за почеток на преговори со Европската унија.

„И Албанија и Северна Македонија исполнија одредени услови за да започнат преговори за членство. За жал, ова не се случи за време на германското претседателство поради ветото на Бугарија. Ветивме дека сме блиску до овој процес затоа што е вложена многу сила и енергија во него “, рече Меркел во заедничка изјава со премиерот на Албанија, Еди Рама, пренесува ТВ21.

Back to top button
Close