Меркел: Потребно е Кина да се отвори за европските компании

–  Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на видео-средбата со кинескиот премиер Ли Кечианг, изјави дека Пекинг треба да преземе конкретни чекори за понатамошно отворање на кинескиот пазар и да обезбеди фер услови за деловна активност за странските компании.

Тоа денеска го соопшти претставникот за печат на германската канцеларка, Стефан Хајберт, истакнувајќи дека германските компании бараат подобар пристап до кинескиот пазар, соодветна правна рамка за инвестиции и рамномерна пазарна конкуренција, што не е можно ако кинеската Влада продолжи да ги субвенционира кинеските фирми.

– Канцеларката истакна дека е неопходно кинеската страна дополнително да го отвори својот пазар, да воведе реципроцитет и еднаков третман на странските компании, рече Хајберт.

Преговорите за инвестициски договор меѓу Кина и ЕУ траат веќе шест години и се очекува да бидат завршени оваа година.

Back to top button
Close