Метеоролози: Оваа и следната година ќе има рекордно високи температури, невидени досега во модерната историја!
Оваа недела ќе го почувствуваме првиот топлотен бран во годината со температури над 30 степени во текот на неколку дена, дури и до 35 степени Целзиусови.

Според експерти, најниските дневни температури ќе бидат исти како и највисоките дневни температури пред десет дена.
Драматично звучи соопштението на Светската метеоролошка организација (WMO), според која на глобално наскоро се очекува развој на климатскиот феномен Ел Нињо, можеби во многу посилна форма како т.н.Супер Ел Нињо.
Метеоролозите и климатолозите ширум светот најавуваат дека оваа и следната година, температурите ќе бидат „глобално рекордни“ и дека би можеле да бидеме сведоци на временски феномени какви што не се видени во модерната историја.
Атмосферскиот физичар Бранко Грисогоно, професор на Одделот за геофизика на Природно-математичкиот факултет во Загреб, најавува сличен тренд за оваа и следната година, ис поред него „се движиме кон точката на вриење“, јави Н1 Хрватска.
Тој смета дека е можен феноменот Супер Ел Нињо.
„Тоа е засилен Ел Нињо кој се надоградува на глобалното затоплување од антропогено потекло. Еден ефект се додава на друг. Ова значи дека ние луѓето продолжуваме да произведуваме сè повеќе штетни гасови, кршејќи рекорди, а самиот Ел Нињо понекогаш е посилен, понекогаш послаб. Оној што треба да се случи во втората половина од оваа година се очекува да биде посилен од вообичаеното“.
Грисогоно забележува дека Ел Нињо е периодичен феномен, но не е строго периодичен. Топлата фаза, Ел Нињо, се менува приближно на секои две до седум години со неговата спротивна студена фаза, Ла Ниња. Тој глобален климатски циклус зависи од промените во температурата на океанот и атмосферскиот притисок во екваторијалниот Тихи Океан.
„Ла Ниња што ја имавме сега беше слаба и затоа минатата година не беше најтопла досега.“
Оваа година, во таа смисла, треба да биде поинаква, можеби дури и најтопла досега.
„Ќе има нови рекорди. Во сè потопла клима, се појавуваат сè повеќе екстреми. температурата во Европа сигурно ќе надмине 40 степени во бранови што ќе траат неколку дена. Но, тоа не нè спасува ниту од бури и поплави. А, поројните дождови што доаѓаат со летните бури обично носат штета“.
„Нема многу корист од таквите дождови. Тие се сè поразорни, создаваат лизгање на земјиште и дождот не е особено корисен во земјоделството“, вели Грисогоно.






