Мицкоски дојде и си замина од американската амбасада, избега од изјава за медиумите. Одбра да извести со соопштение

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дојде имаше средба и си замина од американската амбасада.
Голем број на медиумски екипи го чекаа Мицкоски пред Амбасадата, но тој ги одбегна медиумите и не даде изјава.
Остана нејасно што точно Мицкоски разговарал со Габриел Ескобар.
Сепак од ВМРО ДПМНЕ се огласија со соопштение по средбата на која со лидерот Мицковски во американската амбасада со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар бил и потпредседателот Александар Николовски .Според партијата Мицковски рекол дека единствено решение за излез од кризата биле брзи предвремени избори за избор на влада со легитимитет.






