Мицкоски: Ќе бараме Парламентот да расправа за струјата, за Еуростандард и за тренирањето на магарињата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 најави дека пратениците во Собранието ќе побараат надзорни расправи за неколку теми.

Мицкоски рече дека освен за поскапувањето на струјата, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара надзорни расправи и за пропаѓањето на Еуростандард банка, како и за „тренирањето на магарињата“, алудирајќи на скандалот на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за злоупотреба на пари од фондот „Еразмус плус“.

Back to top button
Close