Мицкоски го прозива Груевски да се потсети на пликоа и УСБ во комуникацијата со ДУИ и СДСМ
Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, кој што долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката туку треба да се каже дека никој не е заборавен, ја искоментира вечерва средбата со Гордана Јанкулоска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во вестите на ТВ Алсат.
Тој истакна дека Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави веќе три години.
„Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години“,рече Мицкоски.
На прашањето зошто токму денеска имал средба со неа, кога условно речено се води „фејсбук војна“ меѓу него и Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека средбата се случила бидејќи Јанкуловска денеска добила слободен викенд.
„Таа денеска доби право да користи викенд, и таа го користи. И нема друга некоја посебна причина“,рече тој.
На прашањето дали стравува за својата политичка кариера поради поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, Мицкоски беше дециден дека не станува збор за никакво чувство на страв..
Мојата политичка кариера е тотално небитна кога се има предвид иднината на Македонија и таа никогаш не била пред интересите на Македонија. Никогаш кариерата не ми била пред моите принципи. Мене политиката ми е алатка за да направам нешто добро за општеството. Јаа во политиката влеегов како професор со кредибилитет и тука не станува збор за никакво чувство на страв. Има некои луѓе и политичари кои секогаш се прават дека се отсутни од времето. И понекогаш се обидуваат поради својата голема фрустрација и самобендисаност да ги навредуваат останатите и тоа го прават на примитивен начин. Можам само да кажам дека такви политичари секогаш имало, има и сега и ќе има и во иднина“,
истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со неговите наводи во интервјуто за ФАЦ, дека Груевски е во тајна комуникација со Владата за да се подели ВМРО-ДПМНЕ и да се протуркаат уставните измени, Мицкоски нагласи дека тоа што имал да го каже за оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски, го кажал јасно и гласно.
На прашањето на што се должат тие наводи и дали има докази за нив, Мицкоски со одговор:
„Сигурно тој потег не го направив затоа што така ми текнало, сигруно се должи на една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат до мене и до ВМРО-ДПМНЕ. Не би навлегувал во дебата дали е тоа еден доказ, сто докази или илјада докази. Суштината е што е тоа што го натерало Груевски да оди на тие тајни средби во минатото и што е тоа што го натерало да влезе и да биде дел од оваа оска која ја предводи Али Ахмети, структура од СДС и Никола Груевски. Што е тоа кое денеска толку го фрустрира и мора да ги пишува тие статуси, пред се се со многу граматички грешки, кои се полни со омраза и гнев? Мојата порака до него е нека е жив и здрав, се друго ќе си дојде, и втората моја порака е ‘не им правете на луѓето тоа што не скаате луѓето вас да ви прават’“.
Кога сме кај доказите, додаде тој, напишав во мојот единствен статус за писанијата на Груевски, а тоа е дека ќе дојде денот кога очи во очи ќе се гледаме и ќе зборуваме и за доказите и за се што се случувало во изминатите пет години.
„Кога зборувам за тајни средби го кажувам тоа што го кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој самиот кажа дека имале многу тајни средби со Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа потрчаа двајцата да кажат дека не било така, а од ДУИ кажаа дека тоа не биле тајни средби туку средби за Пржинскиот процес, но не се сеќавам дека тогаш се разговараше за членот 353 став 5 или за останатите членови или за измените во Кривичниот законик. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа“,агласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека иако целта на оската е носење на уставни измени под бугарски диктат, тоа нема да се случи и тие нема да поминат.
„Нема да се случат уставните измени, ни еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се виде на седницата на 18 август, кога 44 пратеници кои гласаа против дневниот ред. Тоа јасно покажува дека немаат двотретинско мнозинство, затоа што ако беа сигурни дека имаат макар и еден, тие ќе одеа до крај на таа собраниска седница, претпоставувам ќе пропаднеше и после тоа хорски ќе бараа оставка на Христијан Мицкоски. И Мицкоски е проблем, затоа што тој не се договара со политички криминалци и разно разни кланови, ниту за политички амнестии, ниту за политички криминали, ниту за тендери затоа што имаме принципиелен став“,
истакна Мицкоски.