Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора, можно инвестирање на уште странски компании во Македонија
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски имаше излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар. Освен веќе присутните компании на домашниот пазар во државата, интерес да инвестираат кај нас пројавија и нови странски компании, премиерот најави дека многу скоро денеска ќе се отворат преговорите за можно нивно инвестирање.
„Можам да кажам дека имавме многу отворен, искрен и продуктивен состанок со претставниците на германската Стопанска комора делот којшто е одговорен за инвестиции во источна и југоисточна Европа. Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас да бидат присутни на македонскиот пазар. Нормално разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро денеска ќе бидеме посетени ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада уште од самиот почеток беше подобрување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите, не само домашните и странските исто така. Мислам дека ова во Германија е исклучителна доволна можност имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра, илјадници наши граѓани работат во компаниите каде што се сопственици германски инвеститори и ние како Влада имаме и обврска, но и одговорност да продолжиме со промоција во најголемата би рекол европска економска сила. Промоција на инвестициските можности и капацитети. Денеска тоа го направивме во неколку области како што се услугите, туризмот, енергетиката, производството итн. и мислам дека имавме исклучително позитивен состанок и мислам дека по овој состанок да бидам попрецизен, сигурен сум ќе имаме уште неколку нови инвеститори во периодот којшто следи.“, изјави премиерот Мицкоски.
Задоволство од целите на македонската Влада која е насочена во зголемување на инвестициските активности на странските компании на македонскиот пазар изрази и Мајкл кој посочи дека дискусијата била ефикасна.
„Јас морам да кажам дека дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата.“, изјави Мајкл Хармс.
Приоритет на Владата е економско стабилизирање на државата и да бидеме пријатели со бизнис заедниците. Важно е да се отворат што повеќе работни места да им се помогне на македонските граѓани да имаат добро платено работно место и подобар стандард со цел да останат дома, наместо да се селат надвор