Мицкоски не патувал само со прва класа во авион. Прати слика како се вози со европски воз

Премиерот Христијан Мицкоски седна во европски воз, патувајќи од Виена за Салцбург, каде ќе има излагање на самит посветен на ЕУ и потребните реформи.

“Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.

Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.

Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.

Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина“, напиша Мицкоски

Back to top button
Close