Мицкоски: Полициски час, 3364 починати, а луѓето од власта на одмор во Мексико и Дубаи

Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор, реагира денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во постот објавен на неговиот фејсбук профил се наведува:

-Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;
-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;
-3364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона;
-Имаме жестока здравствена криза и полициски час.

Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење.

Дезертери и криминалци ја водат земјата.

Back to top button
Close