„Мицкоски со лаги дојде на власт и со лаги владее“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение упати серија обвинувања на адреса на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека тој „со лаги дошол на власт и со лаги владее“.

Од партијата посочуваат дека последната, како што велат, неисполнета најава е ветувањето дека до 1 јуни ќе бидат реализирани сите точки од Реформската агенда.

„Мицкоски ги излажа граѓаните. Денеска е 1 јуни, а сите точки од Реформската агенда не се исполнети“, велат од СДСМ.

Во соопштението се наведува дека Мицкоски не ги исполнил ветувањата поврзани со Преспанскиот договор, евроинтеграциите, странските инвестиции и животниот стандард на граѓаните.

СДСМ тврди дека Владата не обезбедила подобри услови во преговорите со Европската Унија, додека странските инвестиции, според партијата, бележат пад.

Опозициската партија го обвини премиерот и за, како што наведува, неточни изјави поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, како и за случајот со агенцијата за обезбедување поврзана со трагедијата во Кочани.

„Граѓаните повеќе не веруваат на неговите лаги. Доста е со лаги. Реформи сега. Европа сега“, порачаа од СДСМ.

Back to top button
Close