Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните по повод Денот на народното востание.

Во честитката, тој посочува дека денешниот ден е еден од најсветлите датуми во македонската историја затоа што значи почеток на ослободителното и антифашистичко востание на македонскиот народ крунисано со АСНОМ и втемелување на македонската државност.

– Тоа е нашето свето антифашистичко наследство на кое сите граѓани на Македонија треба да се гордеат, затоа што застанале на вистинската страна на историјата и на тој начин го оствариле вековниот стремеж на илјадници други знајни и незнајни јунаци за слободна Македонија. Оваа борба беше континуитет на стремежот на кресненските и разловечките востаници, на гоцевите идеали, жртвата од илинденската епопеја и вербата на плејада млади синови и ќерки кои веруваат во слободата, човечките правдини и во Македонија. Борбата за Македонија никогаш не престанува, било да е тоа борба за напредок и подобар живот, било да е тоа борба против повампирените хегемонистички апетити кон Македонија, се вели во честитката.

Денешниот празник, вели Мицкоски, е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилното оружје на еден човек.

Back to top button
Close