Мицотакис: Ме интересира Грција да биде најбезбедна, а не број еден дестинација во Европа

Не ме интерсира Грција да биде број еден дестинација во Европа, ме интересира Грција да биде најбезбедна дестинација во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката на МИА.

Во пресрет на утрешниот официјален и постепен почеток на туристичата сезона во Грција, Мицотакис одржа пре- конференцијата на грчкиот остров, наменета за акредитираните странски новинари во земјата, а одговарајќи на прашањата на дописниците, акцентот го стави на гарантирањето на безбедноста и здравјето на сите туристи.

– Ние многу се фокусиравме, на здравствените и безбедносните процедури во рамките на секторот на хотели. И, ќе бидеме многу строги кога станува збор за основните параметри и упатства што ги поставивме, бидејќи треба самите да се заштитиме, да ги заштитиме нашите гости и да ги заштитиме луѓето, кои всушност работат во овој сектор. Можам да гарантирам дека ќе продолжиме да работиме исклучително напорно, секогаш да ги слушаме експертите, секогаш да следиме советите засновани врз податоци и мислам дека докажавме дека државата всушност може да работи на многу високо ниво, рече грчкиот премиер.

Мицотакис објасни дека постојат строги протоколи за хотелите, постојат конкретни правила и мерки за туристите да можат да уживаат во Грција, но ќе мора да избегнуваат собирања и гужви, како на пример во баровите на плажите, објаснувајќи дека земјата е подготвена за сите сценарија, во случај да се појави појави Ковид-19 кај некој од посетителите, но потенцираше дека нема да биде потребно во Грција да се воведе целосна карантина и целосна забрана за движење.

Тој повтори дека од 1 јули земјата ќе биде отворен за сите посетители, без дополнителни рестрикции и само со тестови по случаен избор.

Со позадина, популарното меѓу туристите, зајдисонце на Санторини, во присуство на околу 80 странски дописници и грчки новинари од околу 50 медиуми од Грција и странство, меѓу кои и МИА, Мицотакис одржа прес-конференција на грчиот остров , упатувајќи ја пораката „Дојдете во Грција“ и повторувајќи дека безбедноста е најголемиот приоритет.

Back to top button
Close